Во вторник (12 ноември) во 12 часот во Институт за македонска литература при УКИМ, ќе се одржи трибината „Книжевни дијалози“.

Трибината ќе почне со една некласична промоција на книгите „Уметноста на дијалогот“ на Ана Јовковска и „Книжевноста низ критичката визура“ на Ана Мартиноска.
Промотори се професорите и писатели Гоце Смилевски и Александар Прокопиев, а потоа следи дискусија во која покрај Смилевски и Прокопиев ќе се приклучат и професорот и писател Владимир Мартиновски, декан на Филолошкиот факултет и писателите Фросина Пармаковска и Петар Андоновски, добитници на наградите „Роман на годината“, Европската награда за литература и други.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.