На 25 септември, во 19:30 часот, во Салон Империјал 2 во Културно-информативниот центар во Скопје, ќе се одржи книжевна вечер со поетот и писател Андреј Ал-Асади. Модератор на настанот ќе биде Јулијана Величковска.

Андреј Ал-Асади, роден во Лондон во 1996 година, дипломирал на Економскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Автор е на неколку стихозбирки, меѓу кои “Midnight Blues” (2013), „Под дервишовото сиќе“ (2018), „Небесна геометрија“ (2019) и „Секој секому огледало“ (2021), кои му донесоа номинации за престижната награда „Браќа Миладиновци“ од Струшките вечери на поезијата. Покрај поезија, тој е автор и на збирки раскази, меѓу кои „Друго минато“ (2018), за која ја освои наградата „Новите“, и „Утрото на бессоните“ (2021).

Ал-Асади е активен учесник на повеќе поетски фестивали, како Струшките вечери на поезијата, поетската ноќ во Велестово, и на меѓународни настани во Грција и Хрватска. Неговите дела се преведени на повеќе јазици, а тој е член на управниот одбор на Скопскиот поетски фестивал.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.