Интерактивна книжевна средба со еден од најзначајните француски писатели и лауреат на Гонкуровата награда, Матијас Енар, вечер vo 19 ;asot ќе се одржи во просториите на Европска куќа во рамките на одбележувањето на 50-годишнината на Францускиот институт во Скопје под мотото „Најдоброто од Франција“.
Матиjас Енар е реномиран француски писател и преведувач и добитник на бројни книжевни награди, меѓу кои и најпрестижната француска книжевна награда, Гонгуровата награда. По образованието во Школата Лувр, заминува да студира арапски и персиски во INALCO (Институт за студии на ориентални јазици). По долгиот престој на Средниот Исток, во 2000 година, се сели во Барселона. Таму уредува неколку списанија од областа на културата. Исто така, членува во редакцијата на списанието „Inculte” во Париз а, во 2010 година, предава арапски јазик на Универзитетот во Барселона. „Совршен истрел” е неговиот прв роман, објавен во 2003 година.
Романот „Бусола“, за којшто тој ја доби Гонкуровата награда во 2015 година, е објавен од „Антолог“, во превод на Владо Ефтимов.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.