Во просториите на Битолската библиотека се одржа прекрасен книжевен портрет за Јордан Плевнеш, поет, драматург и романсиер, амбасадор на нашата држава во Франција, Португалија и Шпанија.
Беседа одржи почитувана проф. д-р Кристина Николовска. Почитуваната професорка истакна дека е свеченост да се беседи за великанот Јордан Плевнеш.
-Свеченост е да се слави грандиозникот на големиот македонски духовен и твроречки подвиг. Оној кој земјата и традицијата, речта и јазикот ни ги воскрена на највисоко, рече Николовска, која за Плевнеш истакна дека е општественик, дипломат, амбасадор на нашата држава во Франција, Шпанија и Португалија, амбасадор на УНЕСКО, амбасадор на нашата култура, но и амбасадор на арното, убавото, профаното. Афирматор на македонските, семакедонските вистини во светот. Добитник на многу престижни награди.
Плевнеш е жител на светот, кој живее и твори и гласноговори и во Париз и во Скопје, но и низ метрополите на светот, оти каде и да стапне со своите дела – сотворува културни престолнини. Така и од Скопје, Битола и Балканот возвиши светски театарски и уметнички метрополи.
Проф. д-р Христо Петрески, претседател на ДПМ, настанот го направи многу интересен и сите присутни уживаа затоа што Плевнеш одговараше на 10 прашања кои му ги постави професорот Петрески.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.