Пред точно 162 години, на 25 март 1860 година  во Атина нашиот патрон – поетот и преродбеник Григор Прличев  за поемата „Сердарот“ бил овенчан со ловоров венец. Неговата поема била прогласена за најдобра а  жирито и критиката го нарекле Втор Хомер, соопштија од охридската библиотека.

Утре, точно напладне во НУ Библиотека „Григор Прличев“по тој повод  ќе се одржи книжевен портрет посветен на  проф.д-р  Димитар Пандев. Тој е минатогодишен добитник на  Наградата „Димитар Митрев“ за најдобра критичко-есеистичка книга во 2021 за делото „Времето на Конески“ („Панили“, Скопје).

Пандев, ќе биде прогласен за почесен член на Библиотеката.

За неговиот  животот и творештвото се очекува да говорат поетот Славе Ѓорѓо Димоски, професор Татјана Дурнева и Милчо Јованоски. Извадоци од неговите дела ќе чита средношколката Ана Бачиќ.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.