Неодамна, во Белград (Р.Србија), издавачката куќа „Граматик“ ја објави поетската
збирка „Град“ на македонскиот поет и естетичар Иван Џепароски. Книгата ја преведе од
македонски на српски јазик познатиот српски поет и писател Рајко Лукач. Инаку, овој
превод на книгата „Град“, која е во целина посветена на родниот град Скопје на поетот
Џепароски, се совпаѓа со шеесетгодишнината од скопскиот земјотрес (1963), за кој во ова
поетско дело се испеани повеќе песни. Книгата „Град“ е втор поетски превод на Рајко
Лукач на поезијата на Иван Џепароски, по објавувањето во 2018 година на поетското дело
„Светлината на Света Гора“ („Светлост Свете Горе“), за која Џепароски го доби во 2016
година највисокото поетско признание кај нас – награда „Браќа Миладиновци“ на
Струшките вечери на поезијата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.