Документарниот диптих „Неврзаните“ и „Филмски герили“ на мила Турајлиќ ќе биде прикажан во Салон 19:19 во Културно информативниот центар во Скопје, со што Центарот ја започнува филмската програма. .
„’Неврзаните’ и ‘Филмски герили’ се документарен диптих од два долгометражни филмови кои нè носат на архивски роуд-трип низ раѓањето на проектот ‘Трет свет’, базиран на досега невидени 35 мм материјали снимени од Стеван Лабудовиќ, снимателот на југословенскиот претседател Тито. Првиот филм од диптихот е посветен на појавата на Движењето на неврзаните и на Самитот што се одржа во Белград во 1961 година, додека вториот филм е возбудливо патување во архивските материјали снимени од Стеван Лабудовиќ во текот на трите години од Алжирската војна за независност. ‘Неврзаните’ одново го проследува раѓањето на движењето ‘Неврзани’, испитувајќи како еден глобален проект на политичка еманципација бил конструиран низ филмската слика“, се вели во најавата за настанот.
Светската премиера на „Неврзаните“ се одржа на Меѓународниот фестивал на документарен филм во Амстердам – IDFA. „Филмски герили“ премиерно е прикажан на Меѓународниот филмски фестивал во Торонто (TIFF), додека македонската премиера на диптихот се одржа на фестивалот за креативен документарен филм Македокс.
Режисер: Mila Turajlić
Сценарио: Mila Turajlić
Камера: Mila Turajlić
Монтажа: Sylvie Gadmer, Mila Turajlić, Céline Ducreux
Звук: Aleksandar Protić
Музика: Jonathan Morali
Продукција: POPPY PICTURES, SURVIVANCE
Копродукција: RESTART, KINO
Избрана филмографија:
Ciné-Guerrillas: Scenes from the Labudović Reels (2022)
The Other Side of Everything (2017)
Cinema Comunisto (2011)
Фестивали и награди:
DOK.fest München – DOK.edit Award, Germany (2023), Trieste Film Festival, Italy (2023), CPH:DOX, Denmark (2023), ZagrebDOX, Croatia (2023), It’s All True, Brazil (2023), HotDocs, Canada (2023), Underhill, Montenegro (2023) Grand Prix Festival International Du Cinéma D’Alger, Algeria (2023), IDFA, Netherlands (2022), Festival autorskog filma, Serbia (2022), Festival International Du Cinéma D’alger, Algeria (2022).
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.