Директорот на МНТ, Никола Кимовски имаше работна средба со министерсот за култура и туризам, Зоран Љутков.

Оваа работна обиколка е од проширен тип. Нам ова ни е важно, бидејќи не само што ќе ги утврдиме штетите настанати од претходните седум години, туку сме и во непосредна соработка во решавање на проблемите кои што ги имаме во моментот. Во однос на самиот објект, за жал состојбата е очајна. Најголемиот театар во Македонија е оставен да пропаѓа бавно, но сигурно. Ова е жално, независно од тоа кој го изградил театарот. Се работи за недомаќинско работење од страна на претходната власт, бидејќи со ова се покажува негрижа кон нашата верна публика, која е присутна секоја вечер. Нехумано и небезбедно е да влегуваат во објект кој што се распаѓа, рече Кимовски.

Тој информираше дека од неговото назначување до денес се реализирани три проекти – летната сцена „Славиша Каевски“, која е направена од сопствени сретства, а реализирани се и две премиери, копродукции.

Првата е „Бели ноќи“ од Ф.М. Достоевски во адаптација и режија на Ѕвездана Ангеловска, како и праизведба на македонска драма „Марта Верина“ по текст на Драгана Лукан Николоски, во режија на Нина Николиќ. Во моментот, се работи на претставата „12“, во адаптација и режија на Синиша Евтимов. Почнаа подготовките и за претставата „Замисли нов свет“ – тоа е колаж на делата од Горан Стефановски, во режија на Нела Витошевиќ, истакна Кимовски.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.