Од втори до осми април годинава, Катадрата за современ танц при Филмската академја на Универзитетот „Гоце Делчев“ ќе биде домаќин на Националениот универзитет за уметности „Џорџ Енеску“, од Романија, кои ќе работат заедно студентите на УГД. Под менторство на професор д-р Санда Мавхима и професор д-р Рисима Рисимкин, студентите ќе работат заедно на истражувања во областа на танцот. Воедно, гостите од Романија ќе настапат со претставата „Опус 1-4“ во рамките на фестивалот Танц Фест 2023 на петти април на сцената на Младинскиот културен центар (МКЦ).

Професорката Махвима се чувствува многу среќна што оваа соработка која ја планираа во изминатата година се остварува и смета дека ова ќе е едно извонредно искуство за нивните студенти, посебно поради квалитетот на програмите кои ќе ги следат на УГД, во соработка со нивниот оддел за танц.

Професорката Рисимкин изјави дека многу се радува на оваа соработка, бидејќи отвора едно ново поглавје за студентите на двата универзитети, што ќе им овозможи подобар развој, размена на искуства и стекнување нови знаења.

Гостите од Романија се репрезенти на нивната современа танцова сцена и со нетрпение ја очекуваме нивната претстава во рамки на фестивалот Танц Фест. Воедно се радуваме дека ќе имаме можност и ние да ги посетиме и да се претставиме со наши продукции кај нив. Универзитетот „Гоце Делчев“ постојано вложува во создавање нови односи на интернационално ниво, а Катедрата за современ танц е поврзана со повеќе европски и светски танцови универзитети и академии. Поврзувањето со Националниот универзитет за уметности од Романија е уште една можност за развој и потврда на нашите квалитетни програми, со кои стануваме престижни во рамки на танцовата уметност на интернационално ниво, вели Рисимкин.

фото: Танц Фест Скопје

Националениот универзитет за уметности „Џорџ Енеску“ (UNAGE) е првата уметничка високообразовна институција од Романија. Со над 1500 студенти и 25 студиски програми кои ги опфаќаат сите уметнички области, универзитетот ја зачувува и гради културата, придонесува за заштита и промоција на романското уметничко творештво, негувајќи и развивајќи вкус за автентично творештво.

Сандра Мавхима е асистент-професор доктор на науки на Националниот универзитет за уметности „Џорџ Енеску“, Јаши и соработник кореограф при Националниот балет во Сибиу. Дипломира на Националното балетско училиште „Флорија Капсали“ и Националниот универзитет за театар и кинематографија „И. Л. Карајале“. Нејзините претстави се изведуваат на големи настани и фестивали во Романија, Шпанија, Франција, Либан, Тајланд, а танцовиот филм „Collective Identity“ беше избран од Essential Dance Film – TenduTv (САД) за колекцијата на најрепрезентативните танцови филмови во светот во 2012 година.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.