Во мај оваа година, НУ Камерен Оркестар на Битола гостуваше во Рим, како дел од културната програма на традиционалната манифестација за одбележување на големиот празник 24 мај, Денот на сесловенските просветители Кирил и Методиј во сала Балдини.

По само неколку месеци, Оркестарот повторно со свое гостување надвор од Македонија, но овојпат во убавата Виена, местотото од каде потекнуваат голем број на светскипознати имиња на музичари како Моцарт, Бетовен и Шуберт. Виена, како еден од најзначајните музички центри во светот, ќе биде домаќин на НУ Камерен Оркестар на Битола, кој со своето гостување ќе внесе дух на македонската музичка традиција во престолнината на класичната музика. Настанот ќе биде единствена можност за љубителите на музиката да уживаат во македонските евергрини, изведени од врвни македонски музичари во комбинација со елеганцијата и величественоста на виенската сцена.

По повод одбележувањето на 33 годишнината од независноста на Република Македонија, НУ Камерен Оркестар на Битола во Виена ќе се претстави со проектот „Македонски евергрини и повеќе“, на кој ќе настапат добропознатата Ирена Крстеска, која е дел од Штац опера во Виена, џез-поп пејачката Агни Авшар позната на публиката по нејзините енергични настапи, и незаменливиот Ристо Самарџиев, под диригентска палка на Владимир Димовски.

Концертот ќе се одржи на 09 септември 2024 година, со почеток во 19:00 часот, во просториите на Црквата Св. Ана, ул. Annagasse 3B,1010, Виена, Австрија.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.