Овогодишната Гонкурова награда му е доделена на Камел Дауд за романот „Урис“, трагична приказна за децениското крвопролевање што ја раскажува Об, преживеана од Алжирската граѓанска војна.

Претпоставувате дека чувствувам радост. Можеби звучи како клише, но навистина сум мошне радосен и возбуден. Оваа награда има значење за моите родители, издавачите, државата која ме прифати. Ми се случува нешто фантастично. Ова е земја која го штити писателите. Тоа секогаш треба да се истакне, изјави Дауд.

Насловот на романот на Дауд во превод од арапски означува девица која ги чека верните муслимани во рајот. Ова дело во издание на „Галимар“ на 416 страници говори за ужасите на граѓанската војна во Алжир во деведесеттите години во судирите меѓу исламистите и регуларната војска.

Главната хероина на неговиот роман е Об (што во превод значи Зора), девојка која исламистите се обиделе да ја заколат додека била малечко девојче, поради што на вратот има лузна во облика на насмевка. Го изгубила говорот, а низ книгата му се обраќа на своето неродено дете.

Дауд е роден 1970 година во Алжир, по професија е новинар, а во Франција се доселил во 2023 година, три години откако добил француско државјанство. До сега има објавено три романи, а за првиот роман во 2014 година ја доби наградата “Гонкур за прв роман“.

Најновото признание е прв „Гонкур“ за еден Алжирец. Книгата е забранета во оваа земја, а се шпекулира дека поради тоа издавачката куќа „Галимар“ е исклучена од Саемот на книга во Алжир. Исламистите фрлиле и „фатва“ на Дауд. Неговата книга е востонски хит во Франција и веќе за кратко време е продадена во 55.000 примероци, уште пред да биде награден.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.