Од 15-17ти јули 2024 година во книжарницата Илика во Скопје, ќе се одржи настанот насловен Јулски вечери на архитектурата.

На овој тридневен вечерен настан ќе се стави фокус на дипломските и магистерските трудови на сите архитекти кои што завршиле во последните 5 години и кои го имаат разработувано Скопје.

Целта на овој настан е да даде видливост на иновативните, креативните и свежите погледи и идеи за Скопје. Магистерските трудови многу често се длабоки, искрени, неоптеретени од финансиски проблеми, наивни и правилни. И покрај тоа, ретко пошироката јавност, па и самите архитекти можат да се запознаат со истите.

Ова е одличен простор младите архитекти да се презентираат себе и својата работа пред повозрасните колеги и останатите заљубеници во архитектурата.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.