Во склоп на јубилејното издание на фестивалот за феминистичка култура „Прво па женско 10“, публиката ќе може да ја проследи филмската програма, која оваа година е насловена „Да играме!’“
Филмската програма ќе трае од 21 до 23 октоври во Кинотека на Македонија, а освен филмови, посетителите ќе имаат можност да учествуваат и во тридневната работилница „Феминистичка филмска работилница“ со Диана Туседо и Кумјана Новакова.
Оваа година, филмската програма на ППЖ 10 е игралиште, игранка, играчница, игра. Ги доближува имагинарното, возможното, неочекуваното, возбудливото и заедничкото. Така, старото и ограничувачко станува ново и отворено. Авторките чии филмови како различни игри влегуваат храбро во една од особено забранетите зони за жените: играта, ги превртуваат правилата на ограничувачкото, исклучувачкото и нормативното“, велат од „Прво па женско“.
Кураторка на програмата е Кумјана Новакова.
Селекторка на филмската програма е Кумјана Новакова, а во рамки на програмата ќе бидат претставени четири аудиовизуелни уметнички дела со различни форми на филмска игра.
На 21 октоври со почеток во 20 часот во Кинотека ќе се одржи проекцијата на филмот „Муценбахер“ од Рут Бекермат, а наредниот ден на 22 октоври во 20 часот ќе се случи проекцијата на „Нишај се и играј“ од Чика Барбоса и Фернанда Песоа.
На 23 октомври во 18 часот ќе се прикаже краткиот филм „Сексуалниот живот на баба“ од Уршка Џукиќ и Емили Пигар, а петнаесет минути подоцна публиката ќе може да го проследи и филмот „Она што останува зад нас е тетовирано на нашите очни капаци“ од Диана Туседо.
На работилницата ‘Феминистичка филмска играчница’ со Диана Туседо и Кумјана Новакова, учесничките и учесниците ќе имаат прилика да се вклучат во дискурзивна програма фокусирана на феминистичките перспективи во филмот. Работилницата е наменета за полнолетни лица“, посочуваат организаторките.
Сите заинтересирани за учество на работилницата треба да го пополнат формуларот за учество до 20 октомври, 20 часот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.