Доколку ги рангираме и разгледуваме најздравите навики, коишто може да ги поседува модерниот човек, која би била на прво место? Во дигитално доба со намален фокус и примање на информации, најздравата навика на човекот дефинитивно би требало да биде токму читањето. Но зошто само модерниот? Читањето е и би требало да биде бeзвременска навика во секоја претстојна година, декада, век. Главната причина? Читањето нѐ прави луѓе.

Можеби најочекуваната културна манифестација во земјата, чија главна цел е славење на убавината на пишаниот збор, а и создавањето на бесконечен број на светови со моќта на јазикот, – и тоа од страна на голем број домашни, а и странски автори, е секако Саемот на Книга.

Организаторот, Скопски Саем, најавува богата седумдневна програма со над 60 издавачки куќи, а се очекува бројот на посетители да се искачи и до 30.000, како пред пандемичниот период. Цената на редовна влезница ќе изнесува 80 денари, а 50 денари по лице ќе изнесува цената за организирани групи ученици. Билетите ќе бидат достапни за купување на влезот на Арена – Борис Трајковски, но секако, – и за сите љубители на дигиталните услуги, сите заинтересирани ќе можат да ги набават своите билети за саемот и онлајн преку Karti.com.mk: https://www.karti.com.mk/saem-na-kniga-2023.nspx

 

Во рамките на неколкудневната програма, се очекува присуство на голем број интересни домашни и странски автори, со промоција на нови книги во  официјалниот Промотивен центар во Арената, а секако и на штандовите на издавачите се најавуваат едукативни работилници и цртање за најмладите посетители, како и средби со автори и потпишување книги.

 

Една од главните цели на годинешното јубилејното 35. издание на Меѓународниот Саем на книга е одбележување на важноста за зачувувањето на мајчиниот македонски јазик, како главен идентитет на народот, а за истото, програмата на Саемот ќе се фокусира и на активност и програма која ги слави познатите легенди, кои имаат оставено значителен печат во македонската книжевност. На 5 мај, во петок, во 12:00 ч. ќе биде организирана трибина  во организација на Македонската асоцијација на издавачи по повод Денот на македонскиот јазик.

 

Саемот на книга 2023 ќе трае од 4ти до 10ти мај 2023 година, во Арена – Борис Трајковски во Скопје, секој ден од 10:00 до 20:00 часот, а на 10.05.2023 година, саемот ќе биде отворен сѐ до 18:00 часот.

 

Покровител на Саем на книга традиционално е Министерството за култура на РСМ.

 

За сите дополнителни информации во текот на претстојниот саем, следете го Скопски Саем на www.skopskisaem.mk и на @skopski.saem на Instagram и Скопски саем – Skopski saem на Facebook.

 

Мирисот на нова книга ја најавува пролетта.

САЕМ НА КНИГА 2023

0410.05.2023

ПРОГРАМА НА ПРОМОЦИИ ВО ПРОМОТИВЕН ЦЕНТАР

 

Петок, 05 мај 2023

10.00 – 10.45 – Едукативна работилница на тема „Корицата на мојата сликовница“

Организатор:  Едука Мак, Скопје

 

11.00 – 11.45 – Доделување на награди на МАИ (Македонска Асоцијација на издавачи)

Организатор: Македонска Асоцијација на издавачи, Скопје

 

12.00 – 12.45  – Трибина на Македонската Асоцијација на издавачи по повод  Денот на македонскиот јазик

 

13.00 – 13.45 – Промоција на најдобри состави од ученици од средни училишта на теми:

  • Душата зборува на македонски јазик
  • Гласот на чуварите на македонскиот јазик
  • Срцето чука во ритам на македонскиот јазик

 

14.00 – 14.45  – Промоција на книгата Нико Зупанич и Македонија во 1903 година, м-р Виктор Габер, 2022 г.

Промотор: проф. д-р Далибор Јовановски

Организатор: Државен архив на РСМ, Скопје

 

15.00 – 15.45       Промоција на книгата Ранливи суштества од Лула Карбало

Организатор: Магор, Скопје

 

16.00 – 16.45 – Промоција на книгата за млади  „За нивната иднина“, со поддршка на Креативна Европа

Организатор: Бата Пресс Милениум, Скопје

 

17.00 – 17.45 – Промоција на книгата за ,,Македонија: Горна Река–село Кичиница” : историски видувања и записи од Драган Попоски-Стојнин

Организатор: Бата Пресс Милениум, Скопје

 

18.00 – 18.45 – Промоција на книгата за деца ,,На крилјата на самовилското коњче”, автор: Александра Велинова

Промотор: проф. д-р Кристина Николовска

Организатор: Едука Мак, Скопје

 

19.00 – 19.45 – Промоција на стихозбирката „Прости песни (на кого помислуваш кога смртта мисли на тебе)“, автор: Александра Спасеска

Промотор: Јулијана Величковска

Организатор: ПНВ Публикации, Скопје

 

Сабота, 06 мај 2023

 

10.00 – 10.45 – Промоција на книгата Албански документи за историјата на Македонија, префектура Дебар (1941-1944), том I, проф. д-р Музафер Бислими, 2022 г.

Промотор:  проф. д-р Исамедин Азизи

Организатор: Државен архив на РСМ, Скопје

 

11.00 – 11.45 – Промоција на книга за деца ,, Ведра”, автор Јулијана Величковска

Промотор: Јулијана Величковска

Организатор: ПНВ Публикации, Скопје

 

12.00 – 12.45 – Промоција на книгата за деца ,,Бајки на нишалки”, автор: Ели Маказлиева

Промотор: проф. д-р Елизабета Бандиловска

Организатор: Едука Мак, Скопје

 

13.00 – 13.45 – Промоција на книга  „Мона“ од Чешката писателка Бјанка Белова

Промотор: проф. д-р Лидија Капушевска-Дракулевска.

Организатор: Славика либрис, Скопје

 

14.00 – 14.45 – Промоција на книгата ,, Сексуална азбука”, автор: Татјана Алексиќ

Промотори: Соња Јовановска, Катерина Шехтанска

Организатор: Страница.мк, Скопје

 

15.00 – 15.45 – Промоција на книгата „Нишки до срцата“, автор: Наташа Брезовска-Богоевска

Организатор: Бата Пресс Милениум, Скопје

 

16.00 – 16.45 – Промоција на книгата за деца ,,Таинствени патеки’’, автори: Марио Ачкоски и Софија Стрезова

Промотор: Благојка Филипчева

Организатор: Едука Мак, Скопје

 

17.00 – 17.45 – Промоција на детска книга „Ѕуница“, автори: Бранислав Николов и Иванка НиБа

Промотор: Ана Јовковска

Организатор: Едиција Светулка, Скопје

 

18.00 – 18.45 – Промоција на книгата ,,Кантана – за одмазда повеќе“- (Категорија: стрип албум), автор: Игор Јовчевски

Промотори: Душко Кралевски и Јордан Коцевски

Организатор: Едука Мак, Скопје

 

Недела, 07 мај 2023

12.00 – 12.45  – Промоција на книгата  „Добрите девојки се враќаат дома пред полноќ“, автор: Лина Димоска

Организатор: Бата Пресс Милениум, Скопје

 

13.00 – 13.45 – Промоција на книгата ,, Ковчеже со книжни бисери”, автор: Милован Стефановски

Промотори: Бранко Цветковски, Живко Андреевски

Организатор: Страница.мк, Скопје

Понеделник, 08 мај 2023

10.00 – 10.45 – Работилница со деца со наслов: ,,Чудесен дар во годишен календар” – поезија за деца, автор: Ели Маказлиева

Промотори: проф. д-р Кристина Николовска и проф. д-р Елизабета Бандиловска

Организатор: Едука Мак, Скопје

 

11.00 – 11.45 – Креативна работилници за деца Македонската Асоцијација на издавачи со Билјана Црвенковска. ,,Мојата чудна и чудесна планета” – креативно пишување и креативно цртање

Организатор: Македонска Асоцијација на издавачи, Скопје

 

12.00 – 12.45  – Креативна работилница за деца на Македонската Асоцијација на издавачи со Александра Тодоровиќ. ,, Скопска авантура – учиме за историјата на Скопје преку игра и забава”

Организатор: Македонска Асоцијација на издавачи, Скопје

 

13.00 – 13.45 – Промоција на книгата Македонското прашање во документите на Коминтерната, том 2, дел 1: ВМРО (Обединета) 1925 – 1928 г., зборник на документи, д-р Јасмина Дамјановска, проф. д-р Ленина Жила и проф. д-р Владо Поповски, 2021 г.

Промотор:  доц. д-р Бранислав Светозаревиќ

Организатор: Државен архив на РСМ, Скопје

 

15.00 – 15.45 – Промоција на книга ,,Asyaca Hikâyeler”, автор: Burcu Aliyi

Промотор: Burcu Aliyi

Организатор: Јени Балкан, Скопје

 

16.00 – 16.45 – Промоција на книга ,, Kızıl Yol”, автор: Hüseyin Musli

Промотор: Hüseyin Musli

Организатор: Јени Балкан, Скопје

 

18.00 – 18.45 – Промоција на книгата ,, Седумте Некоиси и седумте македонски композитори“, автори:  Бистра Георгиева и Александар Трајковски. Илустратор: Наталија Лукомска

Организатор: Чудна шума, Скопје

 

Вторник, 09 мај 2023

12.00 – 12.45 – Промоција на книгата Македонското прашање во политиката на Османлиската држава (1876 – 1909) доц. д-р Аднан Шериф, 2023г.

Парламентарните избори во Османлиската држава со посебен осврт на Македонија во 1908 година, доц. д-р Аднан Шериф, 2022г.

Промотор: проф. д-р Јован Јанев

Организатор: Државен архив на РСМ, Скопје

 

15.00 – 15.45 – Промоција на книгата ,, Естетските и структуралните особености на македонските народни носии, со посебен осврт на мијачката носија и нивните трансформации во современиот дизајн”, автор: Јана Манева Чупоска

Промотор: проф. др. Зоранчо Малинов

Организатор: Страница.мк, Скопје

 

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.