Со претставата „Графити“ во изведба на театарот од Прешево, Србија и доделувањето на наградите за најдобрите, доцна синоќа, заврши 23. Издание на фестивалот „Албански театар во Македонија“, кој традиционално се одржува во Дебар.

Стручното жири наградата за најдобар актер му ја додели на актерот Јордан Симонов од Македонскиот народен театар (МНТ), за улогата на Павле, во претставата „Лагата“ во режија на Бесфорт Идризи, а во изведба на актери од МНТ.

Ова е второ фестивалско учество на претставата, по она на фестивалот на камерен театар „Ристо Шишков“ во Струмица, каде што актерот Симонов, за истата улога, го доби највисокото актерско остварување, лауреат.

За најдобра актерка беше прогласена Суела Бајко од театарот „Алексадар Моисиу“ од Драч, Албанија која настапи во претставата „Отворен пар“ што заедно ја изведоа со актерите на гостиварскиот тетар. Наградата за најдобра режија му беше доделена на Куштрим Бектеши за претставата „Измамите на Патук“ во изведба на тетовскиот тетар. За најдобра претстава, стручното жири одлучи да ја прогласи „Графити“ на театарот од Прешево, Србија во режија на Насер Шатроли.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.