Од 15 септември до 11 декември 2022 година, Институтот за исламски култури ќе ја претставува изложбата „Урбан текст, овој простор наречен Балкан”, кокурирана од Фалма Фшази и Беренис Салиу. Токму низ призмата на урбаниот простор изложбата Urban Text – термин кој во буквален превод значи „урбано ткиво“ на француски – ја прикажува комплексноста на Балканот, мултикултурна територија со променливи дефиниции.

Во текстот на кураторките на изложбата се истакнува:

Од трагите на Отоманската империја до лузните на војните од 20 век, градот стана палимпсест на колективни списи, огледало на историјата и имагинацијата. Помеѓу изградбата, бришењето и трансформацијата, политичката и индивидуалната динамика оставија свој белег врз архитектурата и спомениците. Изборот на уметници кои работат на Балканот сведочат со својата сила и деликатност, зграпчувајќи ги спомените и актуелните настани за да создадат интими, дискурси или соништа. Тие ја нагласуваат историската густина на Југоисточна Европа, истовремено со различноста на влијанијата кои со векови го обликувале овој регион и чиј одраз се популациите.“

Чаловски на изложбата се претставува со неговата најнова инсталација „Ефектот на преостанатото“, која е слика на архивата од поранениот Завод за урбанизам и архитектура од Скопје која повеќе не е присутен во јавниот домен. Според социологот и политички теоретичар Рејмонд Вилијамс „преостанатото“ како нешто што „ефективно е формирано во минатото, но сè уште е активно во културниот процес, не само како елемент од минатото, туку и како ефективен елемент на сегашноста“. Во таа насока, делото на Чаловски е покана за разграничување на темпоралноста на веќе непостоечката архива. Наместо тоа, тој се обидува да го обликува интерпретативниот и отворен концепт на прилагодување на знаењето надвор од јавноста и во доменот на интимноста и субјективноста.

Освен Чаловски, останатите уметници кои учествиваат во изложбата „Урбан текст, овој простор наречен Балкан” се Мрѓан Бајиќ, Лана Чмајчанин, Игор Грубиќ, Џенан Хаџихасановиќ, Шејла Камериќ, Ледија Костандини, КУМБИМА, Луиза Марган, Албан Муја, Стефано Романо, Селма Селман, Аднан Софтиќ, Иван Шулетиќ, и Зени Тадиќ.

Во текот на изложбата ќе биде организрана јавна програма која комбинира изведувачки уметности, тркалезни маси, музика и проекција на филмови кои даваат преглед на културното изобилство и предизвиците на современиот Балкан. Дискурзивната програма ќе отвори прашања поврзани со демократската транзиција, постконфликтниот контекст и афирмацијата на уникатните културни идентитети.

Научниот комитет на програмата го сочинуваат истакнатите Милена Драгиќевиќ Шешиќ, Сенка Ибришимбеговиќ и Наташа Петрешин-Бачелез. Генерален директор на Институтот за исламски култури е Стефани Шазалон. Изложбата ќе ја отворат Ана Идалго, градоначалничка на Париз и други видни личности.

Претставувањето на Јане Чаловски на оваа изложба е дел од годишната програма на Здружението за современа уметност и кураторски практики „Проектниот простор Прес ту егзит“ од Скопје со наслов „Недисциплинирано: Трансформација на архивите преку дискурзивни кураторски, уметнички и едукативни практики“, поддржана од Министерството за култура на Македонија.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.