Проектот ,,Мониторинг на православното културно наследство“ спроведуван од страна на ИКОМОС Македонија, во соработка со Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, а со финансиска поддршка од Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Скопје, влезе во второто тромесечје од својата имплементација.
Во текот на првите три месеци (мај, јуни и јули) откако започна проектот, извршен е мониторинг на состојбата на вкупно 253 православни сакрални објекти (цркви и манастири) во осумте епархии на МПЦ-ОА кои се наоѓаат на територијата на државава. Односно, во Скопската и во Повардарската епархија, извршен е увид на вкупно 48 православни добра, во Дебарско-Кичевската епрахија на 71, во Преспанско – Пелагониската епархија извршен е увид на 46 православни објекти, во Тетовско – Гостиварската и во Кумановско – Осоговската епархија на 50, а во Струмичката и во Брегалничката епархија извршен е увид на состојбата на 38 православни објекти.
Мониторингот на состојбата, спроведуван од страна на пет стручни тимови од ИКОМОС Македонија, се одвива континуирано и непречено во текот на летните месеци, благодарение и на срдечната соработка со надлежните лица од епархиите на МПЦ – ОА и со локалното население во посетените општини.
Во рамките на овој двогодишен проект, предвидено е да биде направин увид на состојбата на вкупно 700 православни сакрални објекти, кој ќе послужи за изработка на специјализирана база на податоци која ќе биде достапна за јавноста, и за давање препораки за превентивни и заштитни конзерваторски интервенции за невижното православно културно наследство.
Специјализираната база на податоци ќе биде достапна онлајн и ќе содржи информации во однос на опфатените православни објекти како: основни податоци за црквата/манастирот, опис, состојба, претходни интервенции на доброто, зачуваност на изворната состојба/автентичност и интегритет и препораки за заштитни интервенции, кои ќе му користат на секој познавач или љубител на православното културно наследство. Истата планирано е да биде ставена во употреба на есен.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.