Вечерва во Офицерскиот дом во Битола беше отворена изложбата „Париски рефлексии 2 и 3“, во која се поместени дела од најзначајните македонски ликовни уметници кои твореле во минатиот век.

Како и минатата година, така и оваа,  во Културно информативниот центар Офицерски дом – Битола, во соработка со Француското конзуларно претставништво и Француската Алијанса, а со поддршка на Француската амбасада, односно Францускиот инситут од Скопје,  НУ Национална галерија на Македонија е претставена изложбата „Париски рефлексии 2 и 3“ што всушност се селекции од изложбите во Чифте Амам.

Ако во Битола минатата година беа претставени основоположниците на современа модерна уметност на Македонија кои своето творештво го насликале преку студиски престој во Париз, во центарот на светската уметност, оваа година пред битолската јавност се поставува втората изложба. Претставени се автори родени после 1930 година, а творече после втората светска војна. Тоа се Борислав Траиковски, Кондовски, Мазев, Куновски, Петровски, Корубин… Преку нивните дела се чуствуваат рефлексиите на едно време. Сакам да ја истакнам важноста на оваа изложба која ќе биде поттик за сите, рече директорот на КИЦ Битола, Благојче Божиновски, кој истакна дека му е чест што Офицерски дом е домаќин на оваа изложба.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.