На 20 октомври, со почеток 17 часот, во македонската Амбасада во Париз ќе се отвори изложбата на Јана Манева-Чупоска со наслов „Париски нацртан филм“.

Изложбата се состои од цртежи изработени на триесет метри цртачка хартија во форма на филмска лента.

Оваа изложба е нова и е создадена во период од два месеца како резидент во македонското ателје при Меѓународниот резидентски центар во Париз (Cite Internationale des arts).

Изложбата ќе ја отворат вршителот на должност, Рафет Хајдари, и француската уметничка Роземан Робино, која е исто така моментен резидент во Меѓународниот резидентски центар во Париз (Cite Internationale des arts).

Изложбата е дел од програмата проекти од национален интерес за 2023 година при Министерство за култура на Македонија.

Втората изложба ќе се отвори на 25 октомври во македонското ателје во рамките на Меѓународната резиденција во Париз. (Cite internationale des arts Paris)

Јана Манева-Чупоска е редовен професор на Европскиот универзитет и претседател на ДЛУМ.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.