Самостојното претставување на Вања Димитрова, насловено „Никаде Некаде“ резимира неколку етапи од нејзиното долгогодишно творештво во областа на уметничкиот филм, аудиовизуелната уметност и фотографијата. Медиумската вкрстеност ја открива нејзината експериментална природа, потенцијалот за преобразба на естетските варијации и авторскиот оптикум кој врамува различни приказни (стварни или фикција), реални локации во различни земји, имагинарни светови, и конструирани ликовно-сценски визуелни поставки.

Отворањето на изложбата ќе биде на 12.09.2024. 20ч. во Музејот на град Скопје.

Куратор на изложбата е Натали Рајчиновска Павлеска.

 

На изложбата ќе бидат поставени 23 фотографија во голем формат.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.