Искористете ги деновите околу Божиќните празници и посетете ја Мала станица, во која можете да ja погледнете изложбата на Група XXL, велат од Националната галерија на Македонија.

Националната галерија ви ја претставува групата XXL, создадена во 1994 година, во Софија. По децениско меѓусебно непознавање (или делумно познавање) на тековните процеси во уметноста на двете земји, оваа изложба ја гледаме како уште еден чекор кон трајна соработка во областа на културата.

Во 1994 година, основачи на групата беа Свилен Стефанов, Генади Гатев, Хубен Черкелов, Иван Ќуранов, Косјо Минчев, Расим, Георги Тушев, Петко Дурмана и Слави Славов. Првиот манифест, „Клоца во грбот на инерцијата“, е напишан и објавен на почетокот на 1995 година, во весникот „Култура“, а подоцна со додатоци се појави и на страниците на „Литературен весник“. Името XXL се поврзува и со галеријата која постоела помеѓу 1996 и 2003 година во Софија. Имињата на некои од најпопуларните изложби на кругот XXL се „Нова бугарска ликовна уметност“ 1996), „Косјо, Хубен, Тушев“ (1997), „Димензии на насилството“ (1998), „Гангстарт“ (1998) , „Бугарскиот пејзаж како метафора“ (2001) и „Нови радикални практики“ (од 1997 до 2001 година). Галеријата XXL беше затворена во 2003 година, од страна на регионалниот управител на Софија, по изложбата во галеријата насловена како „AntiSax (Нова политичка уметност)“.

Изложбата е достапна за јавноста секој ден во текот на неделата, освен понеделник, од вторник до недела, од 10 до 18 часот.

Влезницата чини 100 денари.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.