НУ Музејот на македонската борба за самостојност вечерва ја отвора изложбата “Милка Ефтимова”.
Милка Ефтимова оперски и концертен уметник, алт и мецосопран певица, доајен на Македонската опера и амбасадор на македонската уметност и култура во светот.
Музејот преку оваа изложба ексклузивно промовира дел од личните предмети кои се донација од професор Милка Ефтимова.
Автор на изложбата е Василија Чали – соработник за визуелни уметности, дизајн и архитектура.
Отворањето на изложбата е во фоајето на Музејот на Македонската борба за самостојност на ден петок 15 декември во 20 часот од страна на директорката на Музејот м-р Даниела Николова и д-р Александар Трајковски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.