Петтото издание на изложбата „Фемина vs фемининологија“ во кураторство на претседателката на Друштвото на ликовни уметници, Јана Манева-Чупоска, и историчарката на уметност Санда Станаќев- Бајзек од Хрватска на 7 ноември (19 ч.) ќе биде претставена во македонскиот Културно -информативен центар во Загреб.
Отворањето на оваа изложба беше во Скопје, на 15 јуни, во „Мала станица“. Сега и хрватската публика ќе има можност да ги види делата на 10 македонски авторки и на 10 хрватски авторки кои работеа во парови.
Од десет македонски и 10 хрватски ликовни уметнички, создадовме парови што креираа едно дело. Токму ваквата изложба имаше цел да ги зближи современите ликовни сцени на двете држави, а секој уметник да го истакне својот ликовен идентитет преку делото создадено во пар“, вели македонската кураторка на изложбата, Јана Манева-Чупоска.
Според Санда Станаќев-Бајзек од Хрватска, пак, тие ја менуваат перцепцијата, создавајќи здрава и моќна основа за тематизирање и прикажување на повеќекратниот идентитет на жената, бројните архетипи и стереотипи на кои е изложена жената, како глобални теми.
Оваа изложба е соработка помеѓу ДЛУМ и ХУЛУЛУК од Загреб.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.