БРAШНАР Уметничката резиденција за престој на меѓународни уметници и писатели со големо задоволство ве поканува на едноноќната изложбата: „Брашнар ОТВОРЕНО СТУДИО Август 2024“,  на која ќе се претстават уметниците гости:

– SEBASTIAN LEVAR SPIVEY –
( мултидисциплинарна уметност / С.А.Д.)
– ЛОРЕТА ВИОЛАНТЕ –
(скулптура / С.А.Д.)
– BOBBY SMITH –
( скулптура / С.А.Д.)

 

Изложбата ќе се одржи денес од 19:00 – 23:00 часот на адреса: ул. „Панко Брашнаров“ бр.17 населба Хром, Ѓорче Петров, Скопје.

Учесниците во меѓународната програмата за престој на уметници и пистаели БРАШНАР на денoт на изложбата ќе ги отворат атељињата и ке ги претстават своите дела креирани за време на едно-месечениот престој во населба Хром (Ѓорче Петров) воедно инспирирани од локалната култура и средина.

 

СРДЕЧНО ГИ ПОКАНУВАМЕ сите посетители и љубители на уметноста на едноноќното интересно дружење со уметниците гости oд САД! Отворено за сите возрасти.

Влезот е Слободен!



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.