Во првиот дел од проектот кој е реализиран исто така во организација на Младинската културна асоцијација на Бошњаците во Македонија „Шадрван“, во големиот салон на галеријата „КО-РА“, се одржа ликовната работилница со учениците од Основното училиште „Хасан Приштина“ од Скопје со менторите: Алмира Папиќ и Сафет Црновршанин. На таа работилница беа изработени 48 ликовни дела со различна тематика, од кои 38 дела беа после дополнети секое со по една буква од глаголицата.

Модератор на настанот е Лејла Ќахили како, a како предавач во проектот при презентацијата power point, Лејла Ќахили одржа  и предавање за глаголицата.

Координатор на проектот е Мелиса Зверотик.

Во овој дел од проектот на оваа групна изложба воп Галерија „КО-РА “ се претставуват настанатите дела на учениците со поддршка на менторите, а во третиот дел од проектот се очекува и претставување на изложбата и надвор од земјата во интеракција со учениците и од други училишта.

Во свеченото отворање учествуваа: Есма Фазлиу, директорка на ОУ Хасан Приштина, Лејла Ќахили, модератор и предавач, Алмина Папиќ, претседателка на Младинската културна асоцијација на Бошњаците „Шадрван “ и Виолета Калиќ, дипл.историчар на уметноста и стручен соработник за визуелни уметности, дизајн и архитектура во Ј.У Дом на култура „Кочо Рацин“ –Скопје. По повод свеченото отворање настапи младата виолинистка Далиа Црновршанин.

По овој повод беа доделени и благодарници за сите учесници во овој настан кој има и мултикултурно значење.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.