До 13 март во Музејот на Град Скопје може да се посети изложбата „Симбиоза“ на Бојан Ковски. Изложбата претставува 13 слики во техниката масло на платно кои, според авторот, „изнесуваат длабока филозофија на нашето земно постоење“.
Изложбата ги повикува посетителите да размислуваат за деликатниот танц помеѓу човечкото тело и земјата, надминувајќи ги опипливите граници. Изложбата е прослава на уметноста, хуманоста и вечната врска помеѓу човечкото тело и елементите на земјата, наведува организаторот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.