Во Галеријата „Ко-Ра“ вечерва во 20 часот ќе биде отворена самостојна изложба на Мелихат Тузун од Турција, насловена „Brocken times“, која е реализирана во рамките на меѓународната соработка и на иницијатива на академик проф д-р Фехим Хусковиќ.
Мелихат Тузун гостува во Скопје во рамките на интернационалната Ликовна колонија на која учествуваат уметници од повеќе земји. Таа е професорка и декан на Универзитетот „Тракија” во Турција на Факултетот за убавите уметности од 2018 година. Добитничка е на повеќе награди, меѓу кои и прва награда од областа на скулптурата.
Член е на повеќе здруженија на уметници во Турција, но и во УНЕСКО Интернационална асоцијација на уметници. Претседател е на Здружението на графичките уметници од Турција, од 2017 година.
Организаторот наведува дека нејзиниот ликовен опус го карактеризира „интеракција помеѓу човекот и природата, егзистенцијалното и бесконечното, како креирање контрасти помеѓу конкретното и апстрактното“.
Тузун досега има реализирано 15 самостојни изложби, 12 од национален карактер. Учествувала на четири интернационални изложби, како и на интернационални биеналиња, ликовни работилници и комбинирани мултимедијални изложби.
Нејзините дела се застапени во многу национални и интернационални музеи, како и во јавните установи и колекции на организаторите на настаните. Таа истражува примена во сликарството и графиката на нетоксични методи во графиката.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.