Во уметничкиот Центар АРТ ХАБ в среда, на 24 јануари (19,30 часот) ќе биде отворена самостојната изложба на фотографии на Сашо Саракинов.

Ова е прва самостојна изложба на Сашо Саракинов на која што ќе бидат презентирани околу 30 фотографии.

На фотографиите се претставени едноставни настани видени од поинаков агол, со интензивна боја и нагласена форма вклопена во една композиција. Фотографиите го одсликуваат моментот на настанот со нагласен архитектонски израз на она што се прикажува. Забележани се настани и објекти кои не опкружуваат во секојдневието, а сепак имаат многу што да кажат и да го свртат вниманието на гледачот.

Изложбата ќе биде отворена до втори февруари годинава.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.