Македонскиот керамичар Филип Фидановски ќе ја постави изложбата „Пикасо можеби јас“ во чест на големиот уметник во галеријата „Керамеикон К10“ на улица Кукуљевиќева 10, во Вараждин, Хрватска, на 18 мај годинава во 19 часот, во организација на Керамика мултиплекс 2024, Керамеикон – Друштво на керамичари на Хрватска.
Изложбата во галеријата ќе трае до 05 јуни 2024 година.
После успешните претставувања на во Скопје, Кичево, Охрид, Битола и Куманово изложбата „Пикасо Можеби јас“, овој пат дополнета со нови дела изработени во 2024 година ќе биде претставена пред хрватската јавност која ќе има можност да погледне 13 керамички скулптури инспирирани од делата на големиот Пабло Пикасо.
Изложбата се реализира со финансиска подршка на Министерството за култура на Република Македонија, изложбата ќе ја отвори Милаим Фетаи, амбасадор на Република Македонија во Хрватска.
Филип Фидановски е роден во Скопје во 1977 година. Во 1996 година завршува средното уметничко училиште во Скопје во касата на Професорите Раде Перчуклиевски и Михо Лазаров. Го продолжува своето образование на Националната уметничка академија во Софија , Република Бугарија каде во 2004 година магистрира на катедрата за керамика во класата на Професор Красимир Џидров. Од 1995 година до денес има реализирано 23 самостојни изложби, над 50 групни и жирани изложби, има учествувано на многу уметнички колонии и симпозиуми. Добитник е на 5 награди. Член е на повеќе професионални здруженија. Професор е по предметот Дизајн на керамика и Технологија на керамика во уметничкото училиште во Скопје. Во периодот од 2003 – 2010 е доцент на Факултетот за ликовни уметности – Скопје на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, Скопје, Македонија, 2002 – 2006 Стручен соработник во Музеј на Македонија, оделение за едукација, од 2002 -до 2003 работи во ателје за музејски копии при Музеј на Македонија, од 2019 – 2022 е Претседател на Друштвото на ликовните уметници на Македонија, ДЛУМ, во периодот од 2020 – 2021 е директор на уметничкото училиште, ДСУЛУД „Лазар Личеноски“ – Скопје, од 2020 – 2022 е претседател на комисија за полагање приправнички испит по ликовно образование при Државниот испитен центар на Македонија, во 2023 е член на комисија за визуелни уметности, архитектура и дизајн при Министерство за култура на Мкедонија.
Автор е на прирачник за изведување на настава по ликовно обравони како и на практични вежби материјали за учење за ученици по ликовно образование за 3-то и 5-то одделение во основното образование. Уредник е на повеќе монографски изданија, списанија и каталози. Учествува во организација на многу настани од облата на уметноста и културата на некои од ние е и автор. Денес живее и работи во Скопје.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.