Изложба на ликовни дела од академик Владимир Георгиевски е поставена во Домот на културата „Илинден“ во Демир Хисар.
Изложбата содржи 18 уметнички дела работени во ликовните техники масло на платно, темпера, пастел, туш, молив во боја и акварел.
Во целокупното творештво на Владимир Георгиевски, човекот и неговата судбина се постојана тема, естетска провокација и креативна преокупација. Георгиевски има поминато низ неклку фази на уметничко изразување, но секогаш успешно сочувувајќи ја нагласената оригиналност. Во неговите слики, цртежи, релјефи, скулптури, театарски костимографии и сценографии се редат глумци од сите слоеви на цивилизацијата: шпанскиот благородник Дон Кихот, Достоевски, Бах, Бетовен. Адам и Ева се исто така живи во опусот на Георгиевски, како и светото тројоство, драмата на распнувањето и оплакувањето. Мотивите на старите чевли, лебот, камењата, сувите лисја потсетуваат на трагите на човековото постоење.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.