Денеска, на 15 март, во 13 часот во Народниот музеј Велес ќе биде отворена изложбата на големите јапонски мајстори за дрворези – УКИЈО-Е од XVII и XVIII век.

Изложбата ќе ја отворат Казуја Оцука, амбасадор на Јапонија, Горан Антевски, претседател на AOTS Macedonia и EFAAS и Јасмина Намичева, кустос.

Изложбата, во следните три месеци ќе патува во Прилеп, Ресен, Охрид, Македонски Брод, Св. Николе, Виница, Неготино, Гевгелија, Богданци за на крајот да допатува во Скопје во јуни. Во рамки на изложбата ќе бидат организирани работилници за ученици за кои ќе се организира завршна изложба.

Патувачката изложба содржи 30 реплики од најпознатите мајстори на дрворези од XVII и XVIII век. Изложбата на македонската публика ќе и го приближи „светот кој лебди“, кој го отсликува подемот на трговската класа доловен од страна на најзначајните мајстори на УКИЈО-Е.

Изложбата е во организација на МузеумЛинк раководена од Јасминка Намичева, „Архифакт“ – Скопје, здружението за архитектура, дизајн и култура и Музеј на град Скопје.

Изложбата ќе патува благодарение на поддршката на AOTS Македонија, Раде Кончар ТЕП и Амбасадата на Јапонија по повод 30 години од воспоставување на дипломатските односи.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.