По извонредниот успех постигнат минатата година во главниот град на Романија, со две изложби на слики во познатата галерија „Константин Бранкуши”, во рамките на зградата на Романскиот парламент и во галеријата на Националниот музеј на романската литература, како и учеството на 13. Интернационален фестивал на поезија – нашиот реномиран мултимедијален уметник со светско реноме Киро Урдин, повторно ќе се претставува пред романските љубители на уметноста.
Овојпат, на покана на Музејот на романскиот селанец во Букурешт (музеј кој во 2006 год. е прогласен за најдобар музеј во Европа), ќе се одржува светската премиера на изложбата фотографии насловена „Луѓето од Долината Омо Валеј”, кои Урдин ги направил за време на неговите бројни патувања во Африка, за време на снимањата на неколку негови документарни филмови.
…`Tука се припадниците на `племињата` Мурси, Боди, Квего, Мугон, Ари, Бана, Хамар, Аробе, Каро, Сурма, Диме, Консо…опстојуваат, живеат. Да се видат и доживеат тие прекрасни припадници на овие етнички групи е вистински топол шок за секое срце. Кај некои од нив кожата им е изгравирана, кај други е насликана со бои, а богатата разновидност на пропратни украси помага да се збогати уште повеќе нивната убавина. Природно спонтани луѓе, како срцето да им минало во нивните насмевки…` – ќе напише Киро Урдин во еден негов текст насловен `Омо Валеј`.
Куратор на изложбата е Теа Теохаревска- Иванова, дипломиран филолог по романски јазик и книжевност, а комесар Јане Теохаревски, историчар на уметност. Изложбата ќе трае од 18 јули до 18 август и, е во организација на Амбасадата на Република Македонија во Романија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.