Во фоајето на НУ Центар за култура-Битола од синоќа е отворена изложба на фотографии на тема „Битолски Евреи – борци против фашизмот за слобода, учесници во народноослободителната антифашистичка војна на Македонија, 1941-1945“.
Во партизанските одреди „Дамe Груев“, „Јане Сандански“ и „Гоце Делчев“ биле вклучени Евреите Пепо Песо кој го користел партизанското име Цане, Нахмијас Мордо-Лазо, Самуел Садикарио-Симо, Жамила Колономос-Цвета, Естреја Овадија-Мара, Естела Леви-Лена….и други кои во ослободителната антифашистичка борба го положиле својот живот.
Изложбата ја организира општинскиот Сојуз на борци, а по повод 80 години од депортацијата на битолските Евреи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.