Во Културно-информативниот центар – Скопје вечер ќе биде отворена изложба на дигитални слики од Јана Луловска насловена „Effortless“ (Природно). Изложбата содржи дигитални слики кои постојат во еден простор во којшто флуидноста и течението не се само естетски квалитети, туку се најважни за самата природа на уметничкото дело.

Во Effortless Луловска употребува дигитални алатки за да ги надмине традиционалните ограничувања, создавајќи при тоа еден флуиден, неограничен визуелен простор каде уметноста не е прицврстена во рамките на својот медиум. Во светот со брзо темпо, нејзините дела го повикуваат гледачот да ја доживее флуидноста на самиот дигитален медиум, нудејќи еден миг на спокојство, рефлексија и размислување. Изложбата Effortless е инспирирана од движењето Флуксус, и со една убавина и грациозност го втемелува природниот тек на настаните и нашите одлуки и избори, трансформирајќи ги секојдневните предизвици во спокојни и трансцедентни мигови на едноставност, стои во рецензијата на Лазе Трипков, куратор на изложбата.

Делата, како што посочува Трипков, служат за потсетник дека и покрај предизвиците во секојдневниот живот, постои убавина која може да се најде во течението, во флуидноста, во природните транзиции кои го дефинираат нашето постоење.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.