Во Галеријата Ко-Ра во Скопје вечерва (20,30 часот) ќе биде отворена изложба на дигитални слики „Алегории“ од авторот Игор Поп Трајков. Изложбата е во програмата на Скопско лето и ќе биде отворена до 28 јули.
Со изложбата, како што се наведува во најавата, Поп Трајков повторно претставува палета од новите дигитални изразни средства, во комбинација со вештачката интелигенција и класичните сликарски техники. Оваа група остварувања се надоврзува на долготрајната потрага на овој автор по значењето во современоста, како и современото значење, кои пак се дел од западната цивилизација.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.