Вечерва, во рамките на новиот фестивал за литература и општа култура „Видик“, во книжарницата на „Литература.мк“ во „Дајмонд мол“, со почеток во 19:00 часот, ќе се одржи промоцијата на книгата „Шарени ириси“, а воедно ќе може да ја погледенете изложбата на слики од Симонида Филипова Китановска.

„Шарени ириси“ е повеќе од само уште една сликовница. Таа е хибриден инклузивен проект на кирилица и на Брајова азбука, за она што се гледа и за она што не може да се види. Ова издание на „Арс Ламина“ е со текст на Јована Матевска Атанасова и акварелните илустрации на Симонида Филипова Китановска, кои длабоко и лирски продираат во една деликатна семејна состојба во која таткото е слеп и метафорично кажано: живее во очите на својата ќерка.

 

Промотори: Оливера Ќорвезироска и Љупчо Маленко

Промоцијата ќе биде проследена со изложба на акварели од уметницата Симонида Филипова Китановска, кои ќе бидат поставени во „Кафе Литература“



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.