Денес, со почеток во 12:00 часот во Н.У. Центар за култура “Ацо Шопов”во Штип, во изложбениот салон “Галерија 22”, ќе биде отворена изложбата на дела од 60-та Меѓународна струмичка ликовна колонија 2023.
Како најстара колонија во континуитет во Македонија, во овие шест децении, низ колонијата поминале околу 1.600 ликовни творци од сите светски меридијани, кои оставиле бесценета уметничка оставнина од околу 2800 дела, импозантна бројка која претставува огромно богатство, не само за Струмица, туку и за целата наша татковина, па и за целиот Балкан.
Оваа година на јубилејното издание учествуваа дваесеттината уметници од Украина, Романија, Турција, Србија, Црна Гора, Бугарија и Македонија.
Влезот е слободен.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.