Во галерија „КО-РА“ во Ј.У Дом на култура „Кочо Рацин“ во Скопје е отворена изложба на Андреа Коралес од Шпанија.
Ова гостување како што информираат од Галеријата е реализирано на иницијатива на Интернационалниот Балкански Универзитет од Скопје, Канцеларија за меѓународна соработка, а во рамки на Неделата на меѓународната размена на професори и студенти од повеќе универзитети од светот.
– На отворањето на изложбата и излагањето на уметницата и професор Андреа Коралес од Шпанија, беа присутни претставниците од Интернационалниот Балкански Универзитете од Скопје, како и професори од Словачка, Турција, Малезија, Чешка и други, ликовни уметници и културни дејци.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.