Во Центарот за култура – Битола се отвори изложбата “Фото колонија Пелагонија“ како завршна активност во рамки на проектот со истиот наслов, кој што втора година по ред го имплементира Центарот за европски развој и интеграција од Битола.
На оваа групна изложба е составена од 26 фотографии кои ги изработија 12 фотографи. На фотографиите се претставени 12 објекти од Битола и 1 од Крушево со по две фотографии.
-Проектот Фотоколонија Пелагонија е обид преку креативна фотографски пристап да се создадат сведоштва во облик на електронски фотографии за објектите кои се дел од материјалното културно наследство. Преку проектот се врши документирање на објектите во нивната сегашна состојба а фотографиите во иднина ќе бидат интегрирани во интерактивните апликации за презентирање на културното богатство на нашата земја.“ – истакна Диоген Хаџи Коста Милевски, извршен директор на ЦЕРИ и координатор на проектот.
Во рамките на свеченото отворање на дел од учесниците во проектот им беа врачени дипломите за успешното завршување на сите фази од реализацијата на проектот, а на менторитие и партнерите во проектот и беа врачени благодарници за поддршката и персоналниот придонес без кој немаше да биде можна реализацијата на овој проект.
-Вечерва уште еднаш се потсетив колку е убав нашиот град. Многу често поминуваме покрај многу познати згради во нашиот град и ги одминуваме затоа што нашето око се навикнало да ги прима како нешто нормално. Ние имаме град кој што потсеќа на било кој град од европските метрополи каде што патуваме и правиме илјадници фотографии а многу често забораваме колку ни е е убава Битола и колку убавина и историја се крие во старите градби.“ – потенцираше Маја Андоновска – Илијевски, директор на Центарот за култура – Битола.
На отворањето на изложбата зборуваше и историчарот Васко Гичевски, која беше и гостин предавач на обуката, кој со учесниците зборуваше за значењето на објектите и приказната зад објектите која малкумина од учесниците на проектот ја знаеа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.