Центарот за Еднакви Можности „Бубамара” денеска организира „Изложба без име” во Стара Чаршија во Скопје. „Преку илустративни фотографии ќе бидат споделени вознемирувачките пораки кои денес ги добиваат многу девојки на социјалните медиуми”, велат од „Бубамара”.

Изложбата се реализира во рамките на кампањата „Син“ (SEEN) и истата се имплементира како дел од проектот Млади градови (Young Cities) финансирана од Институтот за стратешки дијалог (Institute for Strategic Dialoge – ISD и Democracy Lab).

Целта на оваа кампања е да ги мотивираат и охрабрат жените и девојките да пријавуваат малтретирањето со кои се соочуваат во социјалните медиуми.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.