Во Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ во Куманово денеска ќе биде отворена изложба од 29. Лесновска ликовна колонија. Изложбата содржи триесетина слики од петнаесет учесници на колонија одржана минатото лето.

Ликовната колонија е од меѓународен карактер, но поради пандемијата само еден учесник беше од странство – Летив Намдаганхин од Монголија.

Домашни учесници на минатогодишната Лесновска колонија беа: Валентина Илијевска, Васил Гаврилов, Душан Коцев, Дарко Заревски, Димитар Димитров, Ѓоко Антониев, Киро Јосифов, Марјанчо Крстев, Новица Трајковски, Силвана Богатинова, Соња Р. Јовановски, Стефанија Ангеловска, Тони Чатлески и Филип Добривоевски.

Лесновската меѓународна ликовна колонија ja организира Домот на културата од Пробиштип од 1992 година, а во 2021 година доби финансиска поддршка и од Министерството за култура.

Во Куманово изложбата ќе биде поставена до 23 февруари.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.