Во Домот на култура „Кочо Рацин“ во Скопје вечер ќе биде отворена изложба на уметницата Андријана Андреева, која е дел од интерактивен мултимедијален и истражувачки проект, насловена „Interruption – Intersection“.

Според уметницата, станува збор за проект кој е еден вид социолошки експеримент. Проектот, како што вели Андреева, се одвива во две фази.

Во првата фаза се реализираа неколку работилници со лица со интелектуална попреченост. Практикантите интервенираат на мои цртежи и платна а потоа јас на нивните автоматски цртежи. На нивните цртежи се служам со Пареидолија како на гледачот би му ги доближила тие нивни внатрешни чудесни светови. Автоматскиот цртеж, кој е дел од арт терапијата, е дијалог со несвесното. Вториот дел од изложбата е интеракција со публиката, понудени платна на кои може да се интервенира, додава Андреева.

Андреева е дипломиран социолог, активно присутна во сферата на визуелните уметности, и применетатат уметност, со учество на бројни групни но и самостојни изложби во земјата и надвор.

За своите инвентивни истражувања кои често имаат и еколошка димензија со рецијклирање на најразнородни материјали, таа е автор кој на делата им вдахновува автохтона интерпретација која здружува обилство на инвентивност, креативност, и специфична поетика на луцидна имагинација и обилство фантазија, истакна Виолета Калиќ, историчар на уметноста во врска со отворањето на овој истражувачки проект на Андреева.

Проектот е поддржан од Министерството за култура, а изложбата ќе биде отворена до 23 септември.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.