Во издание на Општина Охрид деновиве од печат излезе книгата „Избрани песни/Selected poems“ на англиски јазик од Славе Ѓорѓо Димоски.
Книгата содржи сто песни објавени паралелно на македонски и на англиски јазик, а изборот и препевот го направи Даниела Спироска.
Изборот е придружен со обемен есеј на Венко Андоновски во се посочува дека „За една поезија обично се вели дека е голема, и со тоа, по творештвото на Блаже Конески се согласни речиси сите,ако е едноставна. Се чини дека „инфантилизацијата” на јазикот, силно изразена кај Димоски, е едно од можните решенија за едноставна песна. Поетот говори големи нешта со лесни, едноставни зборови. Зборови на примордијалната, првобитна, детска свежина на перципирање на светот“.
Оваа е четврта книга од поезијата на Славе Ѓорѓо Димоски преведена на англиски јазик.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.