Денес на големата сцена во Националната Опера и Балет се одржа комеморација во чест на оперската првенка Ирена Кавкалевска.
Добитничка на многу награди, школувана во Македониіа, Софиjа, Грац, Загреб, Кавкалевска дебитира на сцената на МОБ во 1996 година со улогата на Мадалена во „Риголето”. Настапувала на многу фестивали и оперски сцени, а незиниот репертоар зборува за успешни креации во „Кармен”, „Аида”, „Набуко”, „Моќта на судбината”, „Сестра Анџелика”, „Jулиj Цезар во Египет” „Севилскиот берберин”, „Лилјакот”, „Иван Сусањин”, „Цар Самоил”.
Уште во првата нејзина појава, Ирена Кавкалевска беше вистинско олицетворение на Кармен, бескрупулозната заводничка. Таа апсолутно пленеше со сценичноста, владееше со целото дејство, очигледно се чувствуваше удобно во улогата што а толкува. Комотна и самоуверена на сцената, мошне маркантно ja долови фаталната женска привлечност” – зборува музичката критика за креацијата на нашата уметница во познатата опера на Жорж Бизе.
Нејзината појава беше особено ретка, како на сцената така и во приватниот живот. Зрачејќи со својата елеганција, нежност и племенитост, остави голема трага во срцата на публиката и колегите. Истовремено, беше и силен борец во сите животни премрежја.
Прераната смрт на почитуваната и драга Ирена Кавкалевска за Македонската опера и балет и воопшто, за севкупниот културен живот, претставува огромна загуба. Таа имаше и можеше да подари уште многу сценски и концертни креации, рече директорот на Операта, Оливер Арсовски.
Пред многубројните колеги кои присуствуваа на комеморативната седница со тага и низ солзи се простија од колешката, диригентката Бисера Чадловска и оперската певица Весна Гиновска Илкова, кои рекоа дека загубивме драгоцен професионалец, прекрасна колешка и личност која секогаш знае да даде добар совет, да сослуша, да соработува и да помогне.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.