По повод Меѓународниот ден на лицата со попреченост, денеска на големата сцена во Националната опера и балет во Скопје ќе се одигра инклузивната танцова претстава „Рефлексија“.

Ова е трета по ред инклузивна танцова претстава која има за цел да ја подигне свеста за лицата со попреченост и да поттикне нивно инволвирање во сите сфери од животот, вклучително и уметностите, истакнаа од танцовото студио „Еурека“.

Настанот е поддржан и остварен во соработка со Министерство за култура.

Како што најавија од „Еурека“, настанот ќе биде проследен од сопругата на претседателот на државата господинот Стево Пендаровски, Елизабета Ѓоргиевска. Поканети се претставници од амбасадите, бизнис заедницата, музичката сцена и други личности



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.