„Импровизации“ е новата фотографска изложба на уметникот Глигор Кондовски која ќе биде отворена вечерва во Културно-социјалниот простор Центар Јадро во 20 часот.

„Слободниот дух и слободната рака во овој случај го одвеле уметникот на најнеочекуваните фотографски надминувања, додека слободата како апсолут во сите сфери од животот ја носи и како ангажирана идеја овој современ уметник. Овие фотографии поставуваат прашања: што е слобода, ги преиспитува границите на слободата, односот на современиот човек кон слободата, како и тоа што е внатрешна ,а што надворешна слобода?“, пишува за изложбата м-р Билјана Билбилоска, ликовен уметник.

На отворањето ќе настапи џез триото Глигор Кондовски на виолина, Владан Дробицки на тромбон и Дени Омерагиќ на контрабас. Изложбата ќе ја отвори Мирко Попов.

Кондовски дипломирал на Факултетот за музичка уметност, вокално- интрументален оддел, отсек виолина. Дипломира на вториот Факултет за драмски умености при Тетовскиот универзитет, филмска и ТВ режија, а магистерски студии завршува на на Факултетот за драмски уметности во Скопје, филмско и ТВ сценарио. Сега работи како наставник по виолина во ДМУ „Тодор Скаловски – Тетоец” во Тетово. Досега има реализирано повеќе самостојни и групни изложби на фотографии, има учествувано на филмски фестивали и издадено неколку музички албуми меѓу кои и „here“, „Беседа“ и „hover“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.