Краткометражниот игран филм „Имиња” на режисерот Јане Спасиќ е избран во официјалната селекција на 45-тото издание на Меѓународниот медитерански филмски фестивал „Синемед“ во Монпелје, Франција, што се одржува до 28 Октомври. Филмот ќе има две проекции, на 23 и 27 Октомври, а по втората проекцијата ќе следува и разговор со режисерот.

Филмот ќе се натпреварува за четири награди: Гран при, наградата Canal+, наградата на публиката и наградата на младото жири. „Имиња” се снимаше во 2022 година, во продукција на Арт проект лаб Скопје, со поддршка на Агенцијата за филм на Република Македонија, а домашната премиера на филмот се одржа во рамките на 22-то издание на СИНЕДЕЈС фестивалот во Скопје.

Во филмот главните улоги ги играат Драгана Костадиновска, Јаков Павлов, Георгиј Негриевски и Петар Царановиќ. Во епизодните улоги се појавуваат актерите Тамара Ристоска, Златко Митрески и Ангела Стојановска.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.