Здружението Хрватско-македонска тангента и Друштвото на писателите на Македонија потпишаа Меморандум за соработка. Тој беше потпишан денес во просториите на писателската асоцијација во Скопје од страна на Љупчо Арсовски, поранешен амбасадор и одговорен за меѓународна соработка на Хрватско-македонска тангента и Христо Петрески, претседателот на ДПМ.
„Хрватско-македонска тангента и Друштвото на писателите на Македонија и досега имаа многу добра соработка. На пригодните настани кои се случуваа во Скопје доаѓаа писатели, новинари, деловни луѓе од Шибенско-книнската околија, и секако во Шибеник доаѓаа писатели од овде. Со меморандумот, таа соработка ќе се канализира, а ќе организираме заедно одредени манифестации, ќе може да се преведуваат книги од хрватски на македонски и од македонски на хрватски, да се издаваат збирки со песни на поети од Хрватска и Македонија, членови и почитувачи на Тангентата“, истакна Љупчо Арсовски.
Како што посочи, пак, претседателот на ДПМ Петрески, писателската асоцијација вообичаено прави спогодби со сродни организации, со друштва на писатели од окружувањето, од Балканот, Европа и од светот. „Исто така потпишуваме спогодби и со здруженија и организации кои се занимаваат со култура, книжевност и уметност, а посебно со здруженија што се занимаваат со активности на нашите иселеници во дијаспората. Едно од тие здруженија е и Хрватско-македонска тангента, со коешто имаме чест денеска да потпишеме спогодба и веќе планираме реципроцитетни активности, односно размена на литературни читања, гостувања, трибини, разговори, преводи и слично“, посочи Петрески
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.