Христо Петрески на својот фејсбук профил објави апел за деблокирање на работата на ДПМ.

АПЕЛ ЗА ДЕБЛОКИРАЊЕ НА РАБОТАТА НА ДПМ И РЕАКТИВИРАЊЕ НА АКТИВНОСТИТЕ

Неодговирно е ДПМ да нема активности и постојано неколкумина да водат јавни хајки и линч на членовите и Раководството на ДПМ.

ДПМ повеќе месеци се претвори во арена за плукање, а од тогаш до денес нема ништо конструктивно.

Тажно е да има клуч на врата, бидејќи членовите на Претседателството си дадоа оставки и бидејќи нема кворум, односно кандидатите немаат поддршка во членството.

Загрижувачко е ако се остваруваат нечии намери да пропадне ДПМ.

Апелирам ДПМ да продолжи да работи, да се состават Комисии за награди (составени од досегашните добитници на наградите) и да го одбележиме денот на основањето на ДПМ на 13 февруари.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.