Хорот „Мирче Ацев” е првиот македонски хор кој не само што настапи во живо во Musikverein, златната сала во која се свири новогодишниот познат Виенски концерт, туку и освоија прва, Златна награда на 13th World Peace Choral Festival.
Своите импресии од настапот ги сподели и професорката од на Правниот факултет при УКИМ Александра Макисмовска која е дел од овој хор.
Хорот во кој доживеав бура од емоции, запознав прекрасни луѓе… мојот најсакан хор на светот – академскиот хор „Мирче Ацев” под раководство на нашата сакана и почитувана маестра Јасмина Каро пристигна во Виена на 18ти јули, и е прв македонски хор кој не само што настапи во живо во Musikverein (златната сала во која се свири новогодишниот познат виенски концерт) туку ОСВOИВМЕ ПРВА, ЗЛАТНА НАГРАДА на 13th World Peace Choral Festival. Дополнително и награда за најдобра изведба на класични музички дела! – сподели таа на својот фејсбук профил.
Вели дека имале шест настапи, во преубави концертни сали низ Виена, каде топло биле пречекани, и испратени со громогласен аплауз и пофалби.
Публиката и хоровите од држави како Кина, Шангај, Австрија, Унгарија, Италија…емотивно и со стоечки аплауз реагираше на “Македонско оро”, “Македонска хумореска”, “Chae Shukarie”, како и други моќни дела од интернационални автори… Гордо го развеавме знамето…и ја претставивме нашата Македонија како вистински музички амбсадори, сподели професорката Максимовска.
– Распеани, возбудени, среќни, исполнети со гордост и достоинство, полни со прекрсна енергија и љубов кон хорската музика се враќаме спремни за нови предизвици. Чувството е нестварно и незаборано! – додава таа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.